3

За да носиш голем број на таргетирани посетители кон твојата продавница, твојот сајт мора да рангира на прва страна на Google за зборови поврзани со типот на продуктите кои ги продаваш.

На пример, ако продаваш наочари, добар збор за кој што би можел да рангираш е "cat eye sunglasses". Овој збор има конкретно 70,000 месечни пребарувања на Google, што значи дека; ако твојата продавница рангира помеѓу првите 3 резултати, би требало да очекуваш да имаш од 30,000 до 50,000 посетители месечно.

Во просек, конверзијата на продажби од органски посети (Google) може да биде од 0.7 до 5%. Што значи дека продавница со 50,000 месечни посети од Google би можела да прави и до 2,000 продажби месечно.

За да рангираш на Google, потребно е да научиш SEO (Search Engine Optimization). Наука која во Македонија се предава само на нашиот OMG курс.

Друга алтернатива за носење таргетирани посети и продажби е користејќи платени огласи на Facebook кој се викаат: "Facebook website conversion ads", каде што плаќаш од $1 до $5 за секоја продажба што ќе ти ја донесе Facebook.

Ако ги купуваш наочарите за $5 од AliExpress и ги продаваш за $30, плаќајки $5 na Facebook би те оставило тебе со $20 профит од една продажба. Тоа значи дека со $50 дневна кампања на Facebook би генерирал $200 профит дневно.